
Почнав премногу темелни проекти во изминатата година кои ќе треба да ги завршам во наредната година, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, прашан за став за гласините за негова смена со реконструкција на Владата и можноста да премине на друга позиција.
Прашан дали во пресрет на празниците ќе има заеднички контроли на полицијата и пазарните инспектори во угостителските објекти, Тошковски рече дека на тоа се работи постојано.
– Го работиме тоа во континуитет, има резултати, јавноста е запознаена, изјави Тошковски по учеството на Националната конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа, што се одржува денеска во Скопје во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
