
Државниот завод за статистика објави дека во третото тримесечје од оваа година е забележан пад на бројот на склучени бракови, паралелно со значителен раст на разводите.
Според податоците, во периодот јули–септември 2025 година се склучени 3.514 бракови, што претставува намалување од 2,8% во споредба со истиот период лани.
Истовремено, регистрирани се 470 разведени бракови, што е зголемување од 27,7% во однос на третото тримесечје од 2024 година.
Во овој период се родени 4.431 деца, што претставува раст од 3,7% во однос на лани.
Бројот на умрените лица бележи намалување од 0,5% во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4.849 лица. Од нив, 20 се починати доенчиња.
Природниот прираст останува негативен и изнесува –418, што значи дека бројот на живородени деца е помал за толку лица од бројот на умрените.
ДЗС додава дека овие показатели продолжуваат да ја одразуваат демографската криз
