Поранешниот директор на кичевската болница Станко Трпески за „Слободен печат“ демантира дека го украл апаратот. Тој вели дека според негови сознанија апаратот никогаш не ја напуштил болницата.
„Тој апарат е голем колку врата, а во целата болница има камери. На ехо-апаратот има баркод и во која било здравствена установа да завршел – би бил најден. Ниту сум го зел, ниту ми е потребен“, изјави докторот Трпески.
Тој ова го смета за политички исценирана хајка, која има за цел да му ја наруши репутацијата.