
На 25.11.2025 во 13:00 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријави дека на 24.11.2025 околу 19:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзината 15-годишна ќерка со употреба на физичка сила била внесена во патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, од страна на нејзиниот поранешен партнер И.Ј.(22), кој притоа физички ја нападнал и и упатувал закани.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
