Skip to main content
Хроника

Маж загина откако се превртел со трактор

22/10/2026  13:40

На 21.10.2026 во 21:30 часот во ОВР Берово е пријавено дека на некатегоризиран пат на место викано „Мушкови чешми” во атар на Пехчево, трактор со приколка со пехчевски регистарски ознаки, управуван од 66-годишниот М.П. од с.Црник, пехчевско, излетал од патот.

Од здобиените повреди М.П. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пехчево и јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот е дадено во Судска медицина за обдукција.