Search

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Според здруженијата за човекови права, полицијата секоја година, „поради непристојност“, апси и камшикува десетици илјади жени.

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од 40 удари со камшик и парична казна, оти носеле панталони на прослави, коешто според суданските закони, се смета за „срамно“.

Суданките биле уапсени минатата недела, кога полиција упаднала на прослава во затворена сала близу градот Картум, пренесува Би-Би-Си.

Според здруженијата за човекови права, полицијата секоја година, „поради непристојност“, апси и камшикува десетици илјади жени, при што се нагласува дека законите се применуваат произволно. 

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави