Search

Адријана Лима вежба шест дена во неделата за совршена фигура

Поранешниот ангел на „Викторија sикрет“ Адријана Лима ја истакна беспрекорната фигура и тониран стомак во дводелен костим – панталони и топ –  на церемонија на доделување награди за модни новитети на тема обувки, во вторникот во Менхетен.
38-годишната манекенка и мајка на две деца, којашто вежба шест дена во неделата, го надополни изгледот со накит Chopard и сандали Gianvito Rossi (1.295 американски долари), а за нејзиниот аутфит заслужна беше стилистката Ерин Волш.
Стилистот за коса Даниеле Пријано се погрижи за сјајната темна грива на бразилската убавица.
Експертот за шминка Каролина Гонзалес помогна Лима да изгледа занeсно и со  беспрекорен бронзен тен на настанот со тема обувки.
Лима и Р.Ј. Барет ја претставија наградата – трофеј „Бренд на годината“ – што заврши во рацете на извршниот директор на Пума, Бјорн Гулден.
„Верувам дека во сè – чевли, мода, што и да е  – секогаш има приказна зад нив“, рече бринетата на сцената. „Така луѓето се поврзуваат со брендот“.

Треба да знаете
Последни објави