Search

Хрват избркан од компанија му се одмаздувал на шефот со картичката за гориво

Хрват кој живее во Австрија му се одмаздил на шефот откао добил отказ од работното место. Неговата одмаза била откриена дури по повеќе од една година.

Мажот кој работел во фабрика до мај минатата година, откако бил избркан ја земал службената картичката од компанијата со која плаќале гориво и со неа со го полнел својот резервоар од автомобилот на две бензински станици, пишува „Феникс“. Гориво си наточил повеќе пати.

Работодавачот увидел што направил поранешниот негов вработен дури по година и пол, а тогаш го пријавил во полиција. Како што пишуваат медиумите, при точењето на горивото не било евидентирано во кое возило се полни резервоарот.

Поради овој пропус Хрватот не бил откриен порано.

Треба да знаете
Последни објави