Search

27 лица завршија на Токсикологија за новогодишната ноќ

27 лица завршија на Токсикологија за новогодишната ноќ

За време на новогодишната ноќ, 27 лица ја посетија Клиниката за токсикологија во градскиот Клинички центар. Најмладото лице имало 16 години, информираше директорот на Токсикологија, Нико Беќаровски.

Тој изрази задоволство дека за прв пат по долго време на Клиниката за токсикологија, за новогодишната ноќ немало лица помлади од 15 години.

Тој исто така кажа дека немало лица предозирани со психо-активни супстанци. Ургентниот центар во болницата „8 Септември“ го посетиле 38 лица, од кои 4 со поблаги форми на повреда поради тепачки.

На Клиниката за хируршки болести во текот на вчерашниот ден пристигнале вкупно 65, од кои пет се хоспитализирани а врз 4 се извршени операциски зафати, но овие повредени немаат врска со новогодишната ноќ.

На Хирургија исто така пристигнале 4 лица со изгореници на рацете од петарди, но без сериозни повреди, за кои немало потреба да се хоспитализираат. Пристигнале и двајца пациенти со површни рани на вратот од огнено оружје од залутани куршуми.

Треба да знаете
Последни објави