Search

Адвокатскиот тим на Боки 13: За снимките првпат дознавме од медиумите

Aдвокатскиот тим на Бојан Јовановски познат како Боки 13 за ,,А1” вели досега немале можност да го бранат својот клиент пред судот. Тие тврдат дека Боки 13 воопшто не бил распрашуван  кога му била одредена мерката притвор, нит пак им биле посочени докази против него.

,,Тој воопшто не е распрашуван. Нема покана за да даде исказ, ниту ни се посочени докази. Тој немаше можност да се брани, а нам не ни се покажени снимки ниту, пак, во решението за притвор пишува дека ги има ”, вели адвокатскиот тим на Боки 13.

Правните застапници на Боки 13 се жалеле бидејки не им е предочено на какви докази се темели одлуката за притвор,  а за снимките што излегоа во јавност велат дека прв пат ги виделе по објавувањето на медиумите.

Целиот текст можете да го погледнете на следниот ЛИНК

Треба да знаете
Последни објави