Search

25 дена Влада, многу проблеми, ниту едно решение, решение за проблемите не е оцрнување на чесни луѓе

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

„Поминаа 25 дена од формирањето на крими-владата СДСМ-ДУИ, и не видовме ништо ново. Нема смена на старите деструктивни политики, нема проекти, нема решение за проблемите на граѓаните.

Има слаб откуп на грозјето, а и оној што го има е лош. 4 денари за килограм грозје. Нема решение за 40.000 невработени, кои останаа без работа заради неспособноста на СДСМ. Граѓаните кои останаа со заробени депозити во пропаднатата банка во скандал од 200 милиони евра се уште имаат проблеми. Тетово ќе се претвори во урбана џунгла за контроверзниот бизнисмен Дака да земе 200 милиони евра.

Нема пари за народот, но има за фирмите на Заеви и Нина Ангеловска кои добија државна помош, а лани книжеле милионски профити.

Многу проблеми за изминативе 25 дена, а ниту едно решение. Владата е пуштена на криминал и корупција.

Македонија со СДСМ само тоне. А СДСМ се што прави е криминал и корупција. Исплашени од казната која еден ден ќе стигне плукаат по функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои немаат ниту една црна дамка.

Народот јасно ја гледа разликата. Казната за криминалот и корупцијата доаѓа. Спас нема да најдат во компромитација на чесни луѓе.

 

Треба да знаете
Последни објави