Search

Можни имиња во реконтрукцијата на Владата на Заев !?

Можни имиња во реконтрукцијата на Владата на Заев !?

Трампата на ресорите образование и правда на СДСМ и на ДУИ ја потврди министерката за образование Рената Треневска Дескоска.

Рената Тренеска Дескоска од министер за образование од СДСМ оди во министерството за правда, а во образование Арбр Адеми, сегашен заменик министер за образование од ДУИ а на заменичкото министерско место се зборува за Петар Атанасов од СДСМ.

„Кандидат за министер за образование е Арбр Адеми од ДУИ. Јас одам во министерството за правда“, изјави актуелната министерка за образование Рената Треневска Дескоска.

 

Роберт Алаѓозовски, заминува од министер за култура. На негово место треба да седне Асаф Адеми, кадар на Движењето Беса од крилото на Африм Гаши, кој беше кандидат за градоначалник на Беса за Гостивар, неофицијално потврдија од партијата.

Шпекулации за можни промени на министерски места се дека Дамјан Манчевски го напушта Министерството за информатичко општество и дека на негово место доаѓа актуелниот заменик министер Александар Бајдевски од СДСМ.

Министерот за финансии Драган Тевдовски дека си заминува од фотељата а на негово место се шпекулира во партиските кулуари за Кире Наумов сегашен заменик министер за економија, кружат информации и за Андреј Жерновски дека ќе биде заменик министер за Надворешни работи.

Исто така се врти името на Директорот на Службата за општи и заеднички работи Пеце Мирчевски како можен министер за животна средина и просторно планирање.

Премиерот Зоран Заев денес изјави дека предлогот за реконструкција е готов и утре тој ќе биде доставен до Собранието.

„Реконструкцијата ќе ја предложам до парламентот утре затоа што поради пресудата не знаев дали ќе имам цела влада или ќе треба да правам реконструкција. Биографиите на новите министри ќе бидат собрани до утре изутрина и ќе бидат навреме поднесени до парламентот, кој се надевам дека до крајот на месецот ќе ја изгласа реконструкцијата на владата“, изјави Заев, по изрекувањето на ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“, не одговорајќи кои се новитетите во неговиот кабинет, рокадите и слично.

 

Треба да знаете
Последни објави