Skip to main content
Хроника

24-годишник излета од автопатот Тетово – Гостивар

10/12/2024  11:44

Вчера во 15.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово – Гостивар, кај надвозникот за с.Пирок, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(24) од Тетово, излетало од патот.

MK Summit

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид бил извршен, соопшти МВР.