Skip to main content
Хроника

23 годишна го управувала возилото кое излета кај Рашче во Вардар, МВР со нови детали

04/01/2025  12:19

Во врска со сообраќајната несреќа од 02.01. 2025 година на локалниот пат Сарај- село Рашче во која што патничко возило марка „Ауди“ управувано од Н.А. (23) излегло надвор од коловозот и паднало во коритото на реката Вардар, на 03.01.2025 во 14,48 часот во коритото на реката Вардар, непосредно каде што беше извлечено ПМВ Ауди, беше пронајдено и безживотното тело на исчезнатото лице А.А., за што е запознаен надлежен ЈО.

„Откако од водите на Вардар беше извлечено уште едно тело на починато машко лице, патник во автомобилот кој излета вчера кај Рашче, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција и на оваа четврта жртва на тешката несреќа. Се работи на утврдување на причините“, соопшти вчера обвинителството.