Дејвид Мојс пред враќање во Премиер лигата

Англискиот фудбалски клуб Кристал Палас не ја започна сезоната во Премиер Лигата како што се очекуваше, што може многу брзо да доведе до смена на менаџерот Оливер Гласнер. Има веќе подготвен кандидат за неговата позиција.

Гласнер ја презеде екипата минатата сезона и успеа да го подобри тимот, но падот во формата оваа година може да резултира со негово отпуштање.

Дејвид Мојс е потенцијалниот наследник на Гласнер. Искусниот тренер е познат по тоа што знае да ги извлече тимовите од опасни ситуации, а Кристал палас сега се наоѓа токму во таква ситуација.

Треба да знаете
Последни објави