Познатата српска пејачка удри по јавните личности: „Нормално е два дена да се јаде грав, а не да се презентираат скапи лажни животи”

Српската пејачка Сека Алексиќ како гостин во поткаст ги критикуваше содржините кои се пласираат на социјалните мрежи. Истакна дека се што ни презентираат јавните личности за нив е лага.

-Нормално е детето три дена да носи тренерка на училиште додека не се извалка, потоа кога ќе се извалка, мама ја пере и ја суши и ние пак ја носиме. Не е нормално да ја менуваш гардеробата секој ден. Тоа деца не е нормално. Не е нормално луѓето да гледаат јавни личности низ социјалните мрежи кои рекламираат се и сешто, кои рекламираат прескапи производи, шминка, скапи животи, Дубаи… Не е нормално, не е вистински живот, изјави пејачката во поткаст на радиото WTF.

„Нормално е да си дома, да не си во Дубаи, нормално е два дена да јадеш грав или полнети пиперки, мусака или сарма, не е нормално да јадеш кавијар, лигњи и сл. Секој ден во Дубаи на тераса да се снима не е нормално тоа се лажни животи, истакнува пејачката.

Треба да знаете
Последни објави