Мотоциклист излета од пат во Гостивар – се здоби со тешки телесни повреди

На 16.10.2024 во 16.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат Гостивар – с.Лешница – с.Долно Јеловце, Ф.М.(39) од с.Здуње, гостиварско, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал од коловозот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар во Гостивар.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Треба да знаете
Последни објави