Варан: Манчестер Јунајтед не беше за мене

Поранешниот француски фудбалер Рафаел Варан, објави дека знаел дека мора да престане да игра фудбал, а сподели повеќе и за неговата последна сезона во Манчестер јунајтед пред да се пресели во Комо.

„Се надевав дека ќе продолжам да играм, но кога ја добив првата повреда на 11-ти јули, знаев дека е готово“, изјави Варан за францускиот весник „Екип“.

„Го знаев тоа, не беше сериозен проблем, но тоа што повредата беше во моето лево колено, беше знак. Левото колено мораше да го компензира десното уште од 2013 година и благодарение на тоа успеав да најдам рамнотежа. Значи, ако левото колено ви каже дека е уморно од носење на товарот, мора да го слушнете“, објасни 31-годишниот Варан.

Треба да знаете
Последни објави