Малолетници шетале со ножеви низ Скопје – детали

Двајца малолетници, во одделни случаи, биле фатени од полицијата како се шетале со ножеви низ Скопје.

– Денеска (16.10.2024) во 00.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираа од полицијата за едниот случај.

На 15.10.2024 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, се наведува во полицискито билтен за другиот случај.

Треба да знаете
Последни објави