Англија има нов фудбалски селектор

Томас Тухел поранешниот менаџер на Челси и Баерн Минхен, потпиша договор за нов селектор на Англија.

Германецот, кој е без работа откако го напушти Баерн ова лето, ќе стане постојан наследник на Герет Саутгејт, кој поднесе оставка по поразот на Англија од Шпанија во финалето на ЕП 2024 во јули.

Тој ќе биде првиот менаџер од неанглиско потекло што ќе ја преземе функцијата откако Фабио Капело се повлече во 2012 година, а само трет севкупно, по Италијанецот и Швеѓанецот Свен-Горан Ериксон.

Треба да знаете
Последни објави