Македонецот Филип Ваневски заврши трет на “Street Workout Sets” во Словенија (ФОТО)

Македонецот Филип Ваневски на овогодинешното државно натпреварување на Словенија во street workout sets and reps или познато како улично вежбање во категоријата body weight sets and reps го освои третото место и бронзениот медал во оваа натпреварување.

Филип во Словенија студира на Факултетот за Спорт, на Универзитетот во Љубљана. По освојување на пиедесталот гордо зачекори со македонското знаме и го прослави овој успех.

На самото натпреварување учествуваа 23 натпреварувачи кои се натпреваруваа во две различни дисциплини.

Овој настан беше во организација на Street Workout Slovenija и се одржа во главниот град на оваа држава Љубљана.

Треба да знаете
Последни објави