Откриен меѓународен синџир на фалсификатори на најдобрите и најскапи француски вина

Француската и италијанската полиција соопштија дека успешно разбиле меѓународен синџир на измамници кои продавале лоши флаширани вина како ретки и вредни вина по цени кои достигнувале и до 15.000 евра по шише.

Шест лица, меѓу кои и еден руски државјанин, кој е осомничен дека е водач на групата, се уапсени во Париз, Торино и Милано, јавува Би-Би-Си.

Уапсените беа обвинети дека фалсификувале етикети на познати француски винарии и продавале лажно означени шишиња со лошо вино по целосна пазарна цена преку трговците на мало ширум светот.

Треба да знаете
Последни објави