Терористички напад во Израел, еден мртов, неколкумина се ранети

Терористички напад се случи денеска на автопатот кај израелскиот град Ашдод во кој животот го загуби полицаец на возраст од околу 30 години, неколку лица се ранети, а напаѓачот е „неутрализиран“.

Тајмс оф Израел“ наведува дека терористот дошол пеш на автопатот, а не се знае дали се приближил до полициското возило кое било во лентата за застанување или пак возилото застанало за да го испраша што прави таму.

Напаѓачот пукал од пиштол и го ранил полицаецот, кој подоцна починал од здобиените повреди.

Се наведува дека после тоа терористот почнал да пука во цивили во возилата што минувале, а бил „неутрализиран“ од вооружен цивил кој го запрел автомобилот и го убил напаѓачот.

– Возев и видов вооружен маж како стои на патот. Прво мислев дека е полицаец, но потоа пукаше кон мене. Се наведнав, скокнав од возилото, извадив пиштол и го застрелав – изјави цивилот, кој волонтира во Итната помош.

Треба да знаете
Последни објави