Петровиќ: Одиме во Црна Гора добро да го претставиме мак-баскетот

Пред македонскиот претставник во АБА2 лигата, Пелистер е гостински предизвик против екипата на Подгорица во главниот град на Црна Гора, натпревар кој ќе биде одигран во вторник со почеток од 18 часот.

„Одиме во Црна Гора да се надигруваме. Противникот смени тренер, дојде селекторот на Црна Гора и очекувам поинакво издание во периодот кој следи. Ние имаме проблеми со повредата на Бојиќ на натпреварот со МЗТ Скопје, но очекувам добро да ја претставиме македонската кошарка па нека победи подобриот“, изјави Петровиќ.

Треба да знаете
Последни објави