Уште еден земјотрес во Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина, информира Републичкиот сеизмолошки завод.

Земјотресот е регистриран во градот Нови Дулиќи, во близина на границата со Црна Гора, нешто пред два и пол попладне.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.

Денеска исто така слаб земјотрес во 4 часот и 51 минути ја погоди Босна и Херцеговина, а епицентарот бил на 37 километри од Бања Лука.

Земјотресот бил со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала.

Треба да знаете
Последни објави