СДСМ: Уште колку пукања и убиства треба да се случат за Тошковски да си поднесе оставка?

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ

Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште едно во низата пукања. 

Со доаѓањето на власт на ДПМНЕ и Мицкоски состојбата со безбедноста на улиците е алармантно и катастрофално влошена, криминалните пресметки се во голем пораст.  

Секојдневните крвави инциденти и пукања потврдуваат сериозно влошена безбедност на улиците и ја покажуваат целосната неспособност на Тошковски и МВР.

Уште колку човечки животи треба да бидат загрозени пред Тошковски да ја преземе одговорноста за хаосот на улиците и да си даде оставка?

Над 20 оружени инциденти се случија во изминатите 100 дена власт на ДПМНЕ. Ова е трето пукање за само еден месец, минатата недела беше повреден 19 годишен човек, претходно исто така имаше пукање со повредени момчиња од 19 години.  

Освен во Чаир, пукања имаше и во Арачиново, Батинци, Синѓелиќ, Пластичарска улица, Тетово, се случи убиство кај Мавровка и уште десетина други убиства.

Граѓаните стравуваат за својата безбедност а Тошковски и ДПМНЕ немаат капацитет да ги заштитат. Немало досега понеспособен министер за внатрешни работи.

Треба да знаете
Последни објави