Лука Модриќ сака да го продолжи договорот со Реал Мадрид

Иако Модриќ на почетокот на следната сезона ќе има 40 години, шпанското радио „Марка“ ја откри веста.

Тие најавија дека Лука Модриќ и по оваа сезона сака да остане во Реал уште една сезона, за да биде во оптимална кондиција за СП 2026 година.

Модриќ игра за „Кралскиот’ клуб од август 2012 година.Во тековната сезона, Модриќ учествуваше во 12 тимски натпревари во сите натпреварувања и запиша две асистенции.

Треба да знаете
Последни објави