Hooverphonic со концерт во Скопје! Слават 25 години од култната “Mad about you” и албумот “The Magnificent Tree”

НАВИСТИНА МАГИЧНИТЕ HOOVERPHONIC СЛАВАТ 25 ГОДИНИ ОД “MAD ABOUT YOU” И АЛБУМОТ “THE MAGNIFICENT TREE” FOR ONE NIGHT ONLY И ВО СКОПЈЕ!

“Големо задоволство ни е да ви го најавиме првиот светски авалонски концерт закажан за 2025та година!

Еден од најголемите trip-hop бендови во светот конечно се враќа во Скопје: HOOVERPHONIC со ексклузивен концерт во Македонска филхармонија на 18ти април, 2025та!

По повод 25 години од aлбумот “The Magnificent Tree”, во кој се наоѓа ремек делото кое ја одбележа нивната кариера – “Mad About You”, Hooverphonic ќе одржат еден ексклузивен концерт во Македонска филхармонија, придружувани од гудачки квартет!

Hooverphonic e белгиски бенд основан во 1995та година, со 12 студиски албуми и неколку компилациски изданија позади себе.
Во 2019та година во рекорден рок распродадоа два концерта во Македонска филхармонија, по што следеа, барем за нас, едни од најубавите концерти некогаш одржани во таа сала.

Влезниците се во продажба онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 2.000 денари.

Исто така, во продажба има и лимитиран број на ВИП влезници (само првите 6 реда) по цена од 2.500 денари.

ВАЖНО: Ќе се одржи само еден ексклузивен концерт”, потенцираат од Авалон продукција.

Треба да знаете
Последни објави