Ник Кирјиос се враќа на тенисот

Австралискиот тенисер Ник Кирјиос најави враќање на тениските терени по пауза од скоро две години.

Кирјиос ќе се врати на теренот на егзибицискиот турнир во декември во Абу Даби. Поранешниот светски рекет број 13 испадна од светската ранг-листа откако беше рангиран како бр. 470 во октомври 2023 година.

Тој одигра само еден натпревар во изминатите две години поради повреди на коленото, стапалото и зглобот.

Треба да знаете
Последни објави