Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ќе се одржи свеченост по повод заклетва на 28. класа питомци

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, денеска ќе се одржи свеченост по повод заклетва на 28. класа студенти питомци.

За време на одржувањето на свеченоста свое обраќање ќе имаат претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска – Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и деканот на Воената академија, полковник Митко Богдановски.

Како што соопштуваат од Министерството за одбрана, на настанот ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор, Сашко Лафчиски, генерали, претставници на воено-дипломатскиот кор, претставници од Министерството за одбрана и Армијата, како и роднини и пријатели на 28.класа питомци.

Треба да знаете
Последни објави