Ѓоковиќ: Не сум лош иако остарев

Новак Ѓоковиќ го победи Тејлор Фриц и ќе игра во финалето со Јаник Синер на АТП Мастерсот во Шангај.

Фриц го загуби и десеттиот дуел со далеку повозрасниот колега, овојпат со 2-0 во сетови со  6-4, 7-6(6).

Сега на Ноле му останува само уште еден чекор да дојде до 100. пехар во кариерата, па расположен и среќен испрати порака на социјалните мрежи.

-Шангај, ти го имаше моето срце. Не е лошо за еден старец. Нека дојде тоа финале, -порача рекордерот по освоени грен слем титули.

Треба да знаете
Последни објави