Силен земјотрес регистриран во близина на брегот на Коста Рика

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала регистриран е во Тихи Океан во близина на брегот на Коста Рика.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 65 километри северозападно од Тамариндо, во близина на границата со Никарагва, на длабочина од околу 18 километри. Земјотресот е почувствуван и во Никарагва.

Сè уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави