Несреќа во Радовиш: Удрил малолетничка, па побегнал

На булеварот Александар Македонски во Радовиш, автомобил управуван од Ѓ.Ѓ.(37) од Радовиш, удрил во малолетно девојче, по што го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медициски центар Штип, соопшти полицијата во дневниот билтен.

Се додава дека по преземени мерки и активности, возачот бил пронајден на 12 октомври и со него бил извршен службен разговор.

Увид бил извршен од екипа на Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави