Девојка ги пушти коњите пред ураганот Милтон, сите 17 преживеаја

Милиони луѓе ги напуштија своите домови, поради ураганот Милтон, а на социјалните мрежи кружат многу необични приказни, како напуштеното, врзано куче кое беше спасено од полицијата, до оние кои ја обезбедуваа својата куќа со „каиши“ за да ја заштитат.

Тажната разделба на девојката и нејзините коњи е снимена пред пристигнувањето на ураганот, а ова видео на TikTok има повеќе од 30 милиони прегледи.

Свесна дека имаат поголеми шанси за преживување на отворено, девојката ги обележала коњите со спреј и ги пуштила да излезат од шталата. Таа снимила тажно збогување со коњите, мислејќи дека можеби нема да ги види повторно.

По ураганот таа објавила ново видео во кое ги покажала сите штети нанесени на нејзиниот имот, како и повторното обединување со коњите.

Како што нагласи, сите се здрави и среќни, а на своите следбеници им се заблагодари за поддршката што и ја испратија.

Треба да знаете
Последни објави