Во кафеани и казина во Ресен се точел алкохол на малолетници

Доцна синоќа во периодот од 22.00 часот до 02.00 часот во централното градско подрачје на Ресен, полицијата спроведе акциска контрола во угостителски објекти за присуство на малолетници после 24.00 часот и точење и продавање на алкохол на малолетници.

„Контролата беше спроведена во три угостителски објекти и три казина, при што било констатирано точење алхохол на малолетници, а извршена е проверка на идентитет на 11 лица и преглед на пет лица. Притоа, во угостителски објект на градскиот плоштад во Ресен беа затекнати двајца малолетници под дејство на алкохол“, соопшти МВР.

Малолетниците се предадени на родителите и по документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави