Наставничка по танц пријавила во полиција агресивно однесување од машко лице

Наставничка по танц пријавила во кавадаречката полиција агресивно однесување од машко лице, информираа денеска од СВР Велес.

– Вчера во 11.40 часот во ОВР Кавадарци, Б.Г.(52) од Кавадарци пријавила дека во објект во Кавадарци, додека одржувала час по танц, влегле некоку машки лица, при што едно од нив агресивно се однесувало кон неа. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Велес.

Нешто подоцна вчера, во 17.20 и 17.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Г.К.(58) и М.М.(66), двајцата од Кавадарци, постапуваќи по претходна пријава дека му се заканувале на Б.Т.(61) од Кавадарци.

– Тие биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, додадоа од СВР Велес.

Треба да знаете
Последни објави