Македонската фудбалска селекција пристигна во Ереван

По победата во Рига против Летонија македонската фудбалска репрезентација денеска пристигна во Ереван, Ерменија каде ќе го одигра вториот меч од октомврискиот циклус на натпревари во Лигата на Нации.

Шанса да се продолжи победничката серија и да се зацврстиме на првото место во групата Ц каде се натпреваруваме.

Благоја Милевски на мечот со Ерменија на располагање ќе ги има Зајков и Серафимов, кои не играа против Летонија поради проблемите со картони.

Првиот тренинг во Ереван нашите фудбалери ќе го имаат утре, а натпреварот се игра в недела од 18:00 часот по средноевропско време.

Треба да знаете
Последни објави