Лазаров: Мечот со Данска во Белград уште ме прогонува

Македонската ракометна легенда, Кирил Лазаров, беше гостин во емисијата на некогашниот ракометар Мирсад Зомба каде се осврна на многу интересни теми од неговата кариера, но најголемо внимание предизвика изјавата поврзана со ЕП кое се одржуваше во Србија во 2012 година. 

Тогашната македонска репрезентација беше предводена од актуелниот селектор и го освои историското петто место, но за „влакно“ пропуштивме пласман во полуфиналето, откако токму Лазаров го промаши последниот удар, по што Данците победија буквално во последната секунда. 

„Тоа беше момент за кој и ден денес луѓето ме прашуваат на улиците. Мене таа тема ми е многу болна, пишував и во автобиографијата дека плачев после натпреварот. Тогаш постигнав 13 голови, но ќе беше убаво да го заокружам мечот со еден повеќе. 

Сфаќам колку таа победа ќе ѝ значеше на нашата нација. Ако ја добиевме Данска, нештата ќе беа поинакви. Водевме со 6-7 голови, а потоа имавме и напад за победа. Да ѝ дадеш 13 гола на таа Данска воопшто не беше лесно, но за жал не успеавме да извојуваме триумф“, изјави Лазаров. 

Треба да знаете
Последни објави