Нотингем Форест казнет со огромна парична казна поради ВАР

Англискиот премиерлигаш Нотингем Форест е казнет со 750.000 британски фунти, или 979.500 американски долари и јавно предупреден за недолично однесување поради објава на социјалните мрежи во која се критикува судијата по поразот од Евертон минатата сезона во Премиер лигата, соопшти во петокот англиската фудбалска асоцијација.

Водството, играчите и навивачите на Нотингем беа гневни откако беа одбиени трите барања за ВАР за пенал кога беа во негатива од 2:0, а неколку минути по натпреварот објавија изјава на платформата на социјалните мрежи X, обвинувајќи го видео помошникот судија (ВАР) Стјуарт Атвел дека тој навивач на ривалот Лутон Таун.

Од FA, пак, соопшти дека ниту еден друг професионален клуб никогаш не ги прекршил неговите прописи осмислени да ја контролираат употребата на социјалните мрежи на таков начин, опишувајќи го како јавен напад на интегритетот на службеникот на натпреварот од „неспоредливи размери“.

„Дури ниту составувачите на правилата не можеа да предвидат прекршување од ваква природа од стана на професионален клуб“, се вели во соопштнието.

Треба да знаете
Последни објави