Милевски: Македонија ќе се прашува за првото место во групата

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски во пресрет на натпреварот со Летонија изјави дека нашата фудбалска репрезентација же се прашува за првото место во групата.

„Летонија има максимален респект од нас, но концентрацијата е на нашата игра и тоа како ќе изгледаме на терен. Потенцирам дека Македонија ќе се прашува за првото место во групата.

Ќе ни недостасуваат Зајков и Серафимов, кои имаат картони, но и Чурлинов и Трајковски, кои се повредени. Сепак, сите кои се во комбинација за настап ќе одговорат на предизвикот и на тоа што се очекува од нив.

Размислувам за повеќе опции за стартниот тим, верувам дека сите останати ќе бидат здрави и ќе се стават во функција на тимот. Пред почетокот на натпреварот ќе одлучам со кои играчи ќе настапиме“.

Треба да знаете
Последни објави