Нинтендо претстави будилник со цена од 100 долари

Додека гејмерите со нетрпението очекуваат Нинтендо да го објави Switch 2, компанијата уште еднаш ги изненади своите фанови со најавата за сосема неочекувано парче хардвер: интерактивен будилник.

Дали некогаш сте посакале да се разбудите во некој од разиграните светови на Нинтендо?“ прашува компанијата во соопштението за медиумите. „Па, време е да престанете да сонувате!

Nintendo Sound Clock: Alarmo е интерактивен будилник дизајниран да додаде шарм на Nintendo во вашиот дом и во вашата дневна рутина. Alarmo треба да излезе на почетокот на 2025 година со цена од 99,99 долари, а членовите на Nintendo Switch Online во САД и Канада ќе можат да го купат токму сега преку My Nintendo Store.

Alarmo има технологија на сензор за движење која реагира на вашите движења, овозможувајќи ви да го одложите алармот само со движење и да го запрете со станување од кревет. Можете да изберете од 35 сцени инспирирани од пет наслови на Нинтендо – Super Mario Odyssey, The Legend of Zelda: Breath of the Wild, Splatoon 3, Pikmin 4 и Ring Fit Adventure – потоа наместете кога стакате да се разбудите и дозволете Alarmo да си ја заврши работата.

Треба да знаете
Последни објави