Најголемата дива на балканската шлагер и џез сцена, Бисера Велетанлиќ со уникатниот Васил Хаџиманов бенд во Скопје

Авалон продукција најавува уште еден поинаков концерт и една поинаква вечер.

Јасно е дека оваа есен и зима во Македонија ќе има навистина секакви концерти.
За секого по нешто.
Сепак, еден ќе двои!

На 17-ти ноември Скопје и Македонија ќе можат да уживаат во една специјално убава вечер со препознатливиот глас и појава на Бисера Велетанлиќ, која остана единствената на овие простори која ги спојува шлагерот, џезот и велеградската урбана шансона, заедно со Васил Хаџиманов бенд. Концертот ќе се одржи во Македонска филхармонија со почеток од 20 часот.

Влезниците ќе бидат во продажба од среда (9-ти октомври) во 9 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 1.500 денари.

Исто така, во продажба ќе бидат пуштени и лимитиран број на ВИП влезници, по цена од 2.000 денари.

ВАЖНО: Ќе се одржи само еден, ексклузивен концерт, велат од Авалон.

Треба да знаете
Последни објави