Младо момче од Кавадарци тешко повредено по судир со “нисан”

20-годишно момче од Кавадарци е тешко повредено при судар со „нисан“.

Како што информираа од полицијата, на 07.10.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Западен булевар“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Х.С.(29) и мотоцикл со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ф.Л.(20), двајцата од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Треба да знаете
Последни објави