Се редат повредите во Барселона: Феран Торес во „аут“ најмалку осум недели

Барселона се соочува со нова криза кога станувааат збор повредите. Нов фудбалер на медицинската листа е Феран Торес, 24-годишникот кој ќе биде надвор од терените во следните осум недели.

Шпанецот се повреди на гостувањето кај Алавес и мораше да го напушти теренот по само шест минути игра. По деталните прегледи е утврдено дека станува збор за повреда на надворешниот дел од бутот на десната нога и дека го чека долга пауза.

Од Барселона засега не соопштуваат колку ќе изнесува истата, но според медицинските лица го чека пауза од два месеци.

Треба да знаете
Последни објави