Симоне Инѕаги експресно го одби Манчестер Јунајтед

Еден од сопствениците на Манчестер јунајтед, Џим Ретклиф, веќе му се јавил на тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, и го поканил да се пресели на Островот.

Сепак, тренерот на актуелниот шампион на Италија експресно ја одбил оваа понуда, со оглед добрите резултати во својот клуб после минатогодишното финале во Лигата на шампионите, но и освојувањето на Скудетото.

Раководството на Манчестер Јунајтед е пред голем проблем, бидејќи тешко дека ќе може да најде тренер кој ќе ги исправа грешките на Ерик тен Хаг и лошите резултати.

Треба да знаете
Последни објави