Избувна пожар во подрумските простории од зградата на Општина Тетово – Изгоре складиран изборен материјал

Неколку часа траеше гаснењето на пожар што избувна денес во подрумските простории на зградата на Општина Тетово. Пожарот почнал околу 15 часот и 15 минути, а е изгаснат за неколку часа од страна на пожарникари.

-Интервенирано беше со четири возила и 12 пожарникари, информираше Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Од огнот изгорел складиран изборен материјал од изминатите изборни процеси.

Треба да знаете
Последни објави