УЕФА го осуди нападот врз претеседателот на ФФМ Муамет Сејдини

Европската куќа на фудбалот попалднево со кратко соопштение го осуди нападот врз претседателот на ФФМ, Муамет Сејдини и најави дека ќе испрати делегација во Македонија со цел да ја осигура независноста на Фудбалската федерација.

Минатата недела, првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамет Сејдини беше нападнат од три лица.

И додека полицијата истражува што се крие зад инцидентот, попладнево реагираа од УЕФА.

Европската куќа на фудбалот го осуди нападот врз претседателот на ФФМ, и ги повика властите да спроведат брза и темелна истрага.

УЕФА, заедно со ФИФА, внимателно ќе ја следи ситуацијата, ќе се погрижи да нема никакви притисоци и мешање во работата на Фудбалската федерација, и постојано ќе прави проценки дали ќе треба да се повлечат дополнителни потези.

Треба да знаете
Последни објави