Познати осминафиналните парови во фудбалскиот Куп на Македонија

Познати се осминафиналните двојки во Купот на Македонија  во фудбал откако се одржа ждребката денес во просторите на ФФМ.

Најитересно ќе биде на мечот Вардар- Тиквеш, додека интересно ќе биде и на мечот Силекс – Шкупи.

Брера – Беса

Вардар – Тиквеш

Гостивар – Брегалница

Шкендија – Шкендија Арачиново

Струга Трим Лум – Македонија Ѓорче Петров

Силекс – Шкупи

Арсими – Воска Спорт

Пелистер – Детонит Плачковица

Сите натпревари ќе се одиграат во ист ден и ист термин (23 октомври во 14:00 часот), се игра еден натпревар, а доколку нема победник во регуларните 90 минути, веднаш се пристапува кон изведување пенали.

Треба да знаете
Последни објави