Веднаш е пренесен во болница: Тешко повреден прегазен пешак

Вчера во 13.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Васко Карангелески“ во Прилеп, патничко моторно возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(66) од Прилеп, удрило во пешакот П.Н.(50) од Прилеп.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увидот го извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави