Пиперки во павлака: Зимница за која сите ќе ви бараат рецепт

Есента ни пристигна, температурите паднаа… сега е совршено време за подготовка на вашите омилени зимници. Денес ви го претставуваме рецептот за превкусни пиперки во павлака.

Состојки: 1kg пиперк, 500g младо сирење, 1,5 ml млеко, Сол.

Подготовка: Исчистете ги пиперките, посолете ги од внатрешна страна, па потоа исцедете ги од сокот кој ќе го пуштат.

Младото сирење издробете го со вилушка и по потреба посолете, па со него наполнете ги пиперките до половина и ставете ги во садот во кој ќе стојат.

Сварете го млекото со 1 лажица сол, па додека е топло, прелијте ги пиперките и добро затворете го садот.

Кога ќе се излади и преноќи, ставете го во ладилник. Уште 3 пати на секои 5 дена истурете ја вишокот течност, па прелијте со ново посолено млеко, околу половина литар, па повторете ја постапката.

По 3 седмици, чинијата ќе биде полна со цврста павлака и пиперки.

Треба да знаете
Последни објави